25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФунтата најслаба од 2017 година

Фунтата најслаба од 2017 година

Британската фунта ослабна денес во однос на доларот на најниско ниво во последните 30 месеци во страв дека земјата би можела да ја напушти ЕУ на 31 октомври без трговски договор со европскиот блок.

Фунтата ноќеска во Азија ослабе на 1,2101 во однос на доларот, што е најмалку од јануари 2017 година, откако американските Федералните резерви ја намалија основната каматна стапка.

Во првите часови на тргување со валути во Европа, фунтата се продаваше за 1.211 долари.

Британската валута минимално го промени курсот во однос на еврото, за кој се добива 0,911 фунти.

Фунтата изгуби повеќе од четири проценти во јули, кој беше нејзиниот најлош месец од октомври 2016 година, откако новиот премиер Борис Џонсон вети дека земјата ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, без оглед дали има договор со Брисел или не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП