5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDukat основа фабрика во Бугарија

Dukat основа фабрика во Бугарија

dukat2

„Dukat“ основа фабрика во Бугарија – Lactalis Bulgarija, објавија од компанијата.

Како што се наведува во соопштението, Управта на „Dukat“ одлуката за основање на компанија во Бугарија ја донела во понеделникот, а основач на оваа компанија во Бугарија е „Dukat“ со стопроцентен удел.

Од хрватската компанија истакнуваат дека со оглед на тоа дека процесот на регистрирање на компанијата е во тек, засега не можат да објават повеќе информации околу идното работење во Бугарија.

„Одлуката за основање на компанијата „Lactalis Bulgaria“ е во согласност со стратегијата на „Lactalis“ за јакнење на позициите на сите пазари на кои е присутен, па така и на пазарите на југоисточна Европа“, се вели во соопштението.

„Dukat“ од 2007 година е во мнозинска сопственост на француската „Lactalis“ групација, која е присутна во регионот на југоисточна Европа во 11 држави, од кои во пет има производствен погон (Хрватска, Македонија, Србија, БиХ и Романија), а во останатите работи со увоз и дистрибуција.

„Lactalis“ вработува 56,000 работници во 61 земја, а има организирано производство во 192 производствени погони во 34 земји во светот.

Минатата година „Lactalis“ оствари приход од 15,7 милијарди евра, од кои 75 проценти беа остварени на пазарите надвор од Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП