25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во групацијата „Балфин“ волонтерски им помагаат на заедниците во нашата земја

Вработените во групацијата „Балфин“ волонтерски им помагаат на заедниците во нашата земја

Да се биде одговорен не значи дека таа одговорност се однесува само на сопствените постапки туку потребно е да се посвети внимание на луѓето кои сметаат дека е невозможно да бидат во иста позиција како многумина од нас. Треба да се биде одговорен кон природата, кон околината и местото каде живееме. Да се биде одговорен кон оние што сакаат да бидат едуцирани, но не се во можност или пак кон луѓето кои поради некоја причина не уживаат во поддршката или вниманието како повеќето од нас. Сето ова се само некои од димензиите на одговорноста.

Одговорноста е врската што го обединува ангажманот со исходот. На крајот на денот, најважно е ние да бидеме одговорни, а нашиот успех ќе зависи од тоа што го правиме.

Во текот на последните два месеци (јуни и јули 2019 година), групацијата „Балфин“ спроведе широка и сеопфатна кампања со голем број свои вработени. Беше реализирана во дел од земјите каде што групацијата работи и целта беше влијание во различни области како што се социјалните, еколошките, едукативните и други за да се промовира една од основните вредности на компанијата – одговорноста.

Она што на другите организации или институции од овој профил им треба година или повеќе за да го остварат, вработените во „Балфин груп“ го направија за рекордни два месеци, посетувајќи заедници во многу градови низ Албанија, но и преку границите на земјата проширувајќи ги своите активности во Косово и во нашата земја.

Вкупно 21 компанија на „Балфин“ во Албанија, Косово и Македонија и над 2000 ангажирани вработени, посветија повеќе од 1000 часови волонтерска работа преку 18 специјални активности и програми дизајнирани и организирани детално од нив самите со фокус на: загрозени семејства, деца со посебни потреби, жени и деца кои се жртви на семејно насилство, стари лица, лица со Даунов синдром, деца без родители, рециклирање на хартија или пластични материјали, чистење на просториите и креирање кампањи за подигнување на свеста од разни причини. Личните придонеси на вработените изнесуваат над 10.000 евра.

„Балфин“ е целосно фокусирана и посветена на обезбедување поддршка за заедницата, процес предводен од лидери на самата групацијата, со посебен надзор од претседателот Самир Мане.

Во рамките на оваа кампања, на 12 јули 2019 година, персоналот на „Нептун Македонија“ го организираше настанот: #Нептун Волонтери (#NeptuneVolunteers) за чиста животна средина. Целта на настанот беше да се подигне свеста за загадувањето на воздухот и грижата за животната средина.

Вкупно 437 доброволци – вработени во „Нептун Македонија“ заминаа на работа на 12 јуни со возила што не загадуваат и истиот ден организираа акција за чистење на јавни места.

Освен во Скопје, каде се најголем дел од вработените, настанот се одржа и во секој 21 град низ земјата каде „Нептун Македонија“ има своја продавница.

Придонес и општествено влијание

Активностите и придонесите дадени во текот на оваа кампања се фокусираа на:

  • Поддршка и внимание на деца и млади со Даунов синдром во Албанија и Косово, низ посветеност на „Фешн груп“ во Албанија, „Џамбо“ во Косово и „Нептун“ во Косово. „Фешн груп“ во Албанија дури овозможи и вработување на млади луѓе со овој синдром.

 

  • Постари деца и деца без родители, жени жртви на семејно насилство, деца и млади со посебни потреби. Вклучени компании во групите беа Albchrome, ACREM, Milsped / Stella Mare, Elektroservis, SPAR Албанија, Balfin shpk, CO Ferronikeli од Косово.

 

  • Чистење на околината, рециклирање на пластични материјали, хартија за рециклирање. Компаниите кои учествуваа се: Balfin Real Estate, Green Coast и Mante TCI, „Нептун Македонија“, NetTrade (Aladini) и Tirana Bank.

 

  • Иновација беше иницијативата на „Џамбо“ во Албанија со над 1200 клиенти поврзана со подигање на свесноста за правилата за безбедност на плажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП