13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетвртина европејци не можат да си дозволат недела дена летување

Четвртина европејци не можат да си дозволат недела дена летување

Повеќе од една четвртина граѓани на Европската унија не можеле да си дозволат да отпатуваат една недела на одмор во 2018 година, соопшти денеска Европскиот завод за статистика Eurostat.

Процентот на граѓани на ЕУ постари од 16 години кои минатата година никаде не патувале на одмор изнесува 28,3 проценти, според наодите на заводот.

Ова е секако подобро отколку во 2013 година, кога тој процент бил речиси 40 проценти.

Што се однесува до одделни членки на ЕУ, една недела одмор не можат да си дозволат речиси 59 проценти од граѓаните на Романија, 51,3 проценти од граѓаните на Хрватска, 51 проценти на Грција и Кипар.

Процентот на оние кои не можеле да патуваат во Европа е најнизок во Шведска (9,7 проценти) и Луксембург (10,9 проценти според податоците за 2017 година).

Земјите што најмногу се ,,подобриле” по овој критериум во последните пет години се Бугарија за 35,8 проценти (сега изнесува 30,5 проценти во 2018 година) и Полска за 26 проценти (сега изнесува 34,6 проценти).

Грција е единствена членка на ЕУ што овој процент го зголеми во период од пет години, и тоа за два процента, објави Eurostat.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП