9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПилот од патниците барал пари за гориво

Пилот од патниците барал пари за гориво

Почитувани патници, соберете пари за гориво и полетуваме – вака пилот на ирачката авиокомпанија им го објаснил на патниците одложувањето за време на полетувањето од аеродромот во Тунис.

Барањето на пилотот на ирачката авиокомпанија Iraqi Airways за патниците да соберат 3.000 долари за гориво за да можат да летнат кон Багдад предизвика бурни реакции и контроверзии, бидејќи сопственикот на компанијата тврди дека целата приказна е лажна и дека авионот од Тунис полетал без проблем.

Меѓутоа, патниците не се согласуваат со официјалната верзија на настанот, тврдејќи дека пилотот им пристапил во чекалната на аеродромот и побарал 3.000  долари за да го ,,ослободи” авионот и да полета за Багдад.

Таквото барање на пилотот предизвикало вистинска паника меѓу патниците, а се е завршено така што сметката за гориво ја платила ирачката амбасада.

„Имаше некои технички и логистички проблеми што предизвикаа одложување“, соопшти ирачката авиокомпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП