29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДодека Трамп твита, неговите луѓе водат преговори со Кина

Додека Трамп твита, неговите луѓе водат преговори со Кина

САД и Кина ги продолжија трговските разговори во сенка на твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп, во кои вели дека ќе бидат уште построги во преговорите.

Американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и министерот за финансии Стивен Мнучин започнаа во Шангај разговори со кинескиот потпретседател Лиу Хеом, продолжувајќи ги напорите за ставање крај на трговската војна меѓу двете земји која трае веќе година дена.

Трамп вчера ја предупреди Кина да не чека крај на неговиот прв мандат за финализирање на било каков трговски договор, бидејќи ако биде реизбран на претседателските избори во ноември 2020 година, ќе стане уште построг во трговската политика кон Пекинг.

”Проблемот со оние што чекаат е дека, ако и кога ќе победам, договорот ќе биде многу построг од оној за што сега преговараме или договор воопшто нема да има“, напиша Трамп во објавата на Твитер.

Трамп се пожали и дека кинеските лидери ”на крај секогаш го менуваат договорот во своја корист“.

”Кина требаше да започне со купување на нашите земјоделски производи – но нема сигнал дека тоа го прават“, напиша Трамп во вториот твит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП