28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВоздухопловниот гигант е во проблеми: Годишната нето добивка потонала за 70 проценти

Воздухопловниот гигант е во проблеми: Годишната нето добивка потонала за 70 проценти

Нето добивката на воздухопловниот гигант Lufthansa пoтона во тримесечјето од април до мај, поради повисоките оперативни трошоци и раст на цените на кратките линии во Европа.

Нето добивката на годишно ниво потонала за 70 проценти, на 226 милиони евра, објави компанијата во вторникот.

Оперативната добивка е намалена за 25 проценти, на 754 милиони евра. Приходите се зголемиле за четири проценти, на 9,6 милијарди евра.

Постојаниот вишок на капацитет, агресивната конкуренција и побарувачката која се повеќе е чувствителна на цените ги притиснале деловните резултати, објави компанијата.

Lufthansa соопшти дека трошоците се зголемени за седум проценти, вклучувајќи ги и сметките за гориво кои пораснале за 255 милиони евра во однос на вториот квартал на 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП