19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Истрага против САД, ЕУ и Јапонија поради увоз на хемикалии

Кина: Истрага против САД, ЕУ и Јапонија поради увоз на хемикалии

Кинеските власти објавија дека започнале антидампинг истрага против САД, Европската унија и Јапонија.

Истрагата се спроведува во врска со увозот на мета-крезол, органско соединение кое се користи за производство на пестициди и други хемиски производи.

Како што е наведено во соопштението, истрагата е покрената по барање на домашните производители на мета-крезол во јуни, и ќе се фокусира на можен дампинг и штета нанесена на локалната индустрија во период од 2016 до 2018 година, се вели во соопштението на кинеското министерство за трговија.

Истрагата би можела да трае и до една година и половина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП