17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХакерски напад, украдени податоци од кредитни картички на 100 милиони американци

Хакерски напад, украдени податоци од кредитни картички на 100 милиони американци

Техничкиот инженер Пејџ Томпсон, е уапсена во американската држава Вашингтон под обвинение дека украла чувствителни податоци на повеќе од 100 милиони кредитни картички на банката Capitol One.

Томпсон (33), поранешен инженер за софтвер во една технолошка компанија од Сиетл, уапсена е од агенти на Федералното биро за истраги откако зборуваше за кражба на податоци на страницата за споделување информации GitHub, соопштија властите.

– Кражбата е извршена преку погрешно конфигурирана заштита на веб апликацијата, што овозможи пристап до податоците – се вели во соопштението на кабинетот на јавниот обвинител во Вашингтон.

Во текстот се додава дека еден корисник на GitHub ја видел нејзината порака на 17 јули 2019 година и ја известил Capitol One дека на банката можеби и се украдени податоци.

Банката, која е специјализирана за работење со кредитни картички, стапила во контакт со Федералното биро за истраги откако потврдила дека и се украдени податоци. Кражбата се случила помеѓу 12 март и 17 јули оваа година.

Банката, чие седиште е во Вирџинија, соопшти дека кражбата погодила 100 милиони поединци во САД и шест милиони во Канада, објави AFP.

Во текстот се напоменува дека не се компромитирани броевите на кредитните картички, ниту личните информации за најава, како ни 99 проценти броевите за социјално осигурување.

Властите соопштија дека во станот на Томпсон е пронајден уред за складирање на податоци со копија на украдените информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП