16 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена меѓународната употреба на еврото

Намалена меѓународната употреба на еврото

ecb1

Меѓународната употреба на еврото минатата година е значително намалена поради должничката криза во земјите кои ја користат оваа валута, соопшти Европската централна банка.

Уделот на еврото во девизните резерви на централните банки минатата година е намален од 25,1 проценти на 23,9 проценти, соопштија од ЕЦБ, пренесува агенцијата АП.

Во меѓувреме, земјите ги зголемија резервите во валути од земјите со силни економии, како што се Австралија и Канада.

ЕЦБ, исто така, соопшти дека минатата година компаниите емитувале помалку обврзници поврзани со еврото.

Еврото, сепак, и понатака е втората најважна светска резервна валута зад доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП