2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Грција добро напредува

Меркел: Грција добро напредува

angela1

Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста да разговара околу новиот отпис на долгови за Грција и оцени дека Грција добро напредува.

На Грција во април минатата година во рамките на меѓународната помош и беа отпишани 100 милијарди евра од долгот кон инвеститорите од приватниот сектор, поради што тие претрпеа големи загуби.

Често се зборува и за можноста за нов отпис на долгови. Ангела Меркел, сепак, на прашањето на новинарите изјави „Јас не гледам дека тоа ќе се случи“.

„Грција напредува благодарение на реформски ориентираната влада на Антонис Самарас“, изјави Меркел.

Во Германија во септември ќе се одржат парламентарни избори, пред кои Ангела Меркел останува на цврстиот став за штедлив пристап кон европската должничка криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП