6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го обвини Трамп: Неговото барање во СТО е доказ за ароганција...

Кина го обвини Трамп: Неговото барање во СТО е доказ за ароганција и себичност

Доналд Трамп побара од Светската трговска организација(СТО) на некои земји да го укине поблагиот третман кој важи за економиите во развој.

Кинеските власти ја осудија оваа изјава и го обвинија Вашингтон за ароганција и себичност.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чуњинг, изјави дека Кина треба да го задржи тој статус за да постигне реална еднаквост во трговијата. Таа истакна и дека барањето на администрацијата на Трамп дополнително ја открива сета ароганција и себичност на тој режим, објави AP.

Трамп минатата недела изјави дека сака СТО  да ги спречи помоќните економии да го користат статусот на земји во развој, бидејќи тоа, како што истакна, прави да добијат посебен третман. Имено, земјите во развој, во согласност со правилата на СТО, става на располагање повеќе време за отварање на нивни економии, им дава поголема слобода за субвенционирање на извозот и да имаат процедурални предности во споровите пред СТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП