25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската влада ја намали прогнозата за економскиот раст за оваа година

Јапонската влада ја намали прогнозата за економскиот раст за оваа година

Јапонската влада ја намали прогнозата за домашниот економски раст за оваа година, главно поради слабиот извоз.

Тоа е сигнал дека трговската војна меѓу САД и Кина зема се поголем данок кај третата најголема светска економија.

Реалниот раст на бруто домашниот производ на Јапонија, како што сега се очекува, ќе изнесува 0,9 проценти во фискалната година која завршува во март 2020 година, според најновите проекции на јапонската влада, претставен на Советот за економска и фискална политика.

Тоа претставува намалување во однос на претходната проекција на владата и прогнозираниот раст од 1,3 проценти.

За следната фискална година, која започнува во април 2020 година, владата предвидува зголемување од 1,2 проценти.

Меѓутоа, проекциите на владата се значително повеќе оптимистички од прогнозата на приватниот сектор, бидејќи пазарните аналитичари проценуваат дека националната економија ќе се зголеми на стапка од само 0,5 проценти во тековната и следната фискална година, поради намалување на извозот и ефектот на планираното зголемување на данокот на додадена вредност во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП