9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститори тужат пет британски банки поради местење на девизни курсеви

Инвеститори тужат пет британски банки поради местење на девизни курсеви

Група инвеститори од Велика Британија поднеле колективна тужба против банките Barclays, JP Morgan, Royal Bank of Scotland (RBS), UBS и Citygroup, обвинувајќи ги за местење курсеви на глобалниот девизен пазар.

Тужбата, која според проценките вреди повеќе од една милијарда фунти (1,24 милијарди долари), поднесена е денеска во Апелациониот суд за конкуренција (CAT) во Лондон, соопшти американската адвокатска канцеларија Skot&Skot, објави Reuters.

JP Morgan, RBS  и UBS одбија да коментираат, а Barclays и Citygroup досега не одговорија на барањата на британската агенција за коментарот.

Некои од најголемите инвестициски банки во светот веќе заедно платија повеќе од 11 милијарди долари на име спогодба со американските, британските и европските регулатори во судски постапки во кои се тужени за местење курсеви на девизните пазари.

Адвокатите на тужителите се надеваат дека во Велика Британија ќе го повторат успехот на колективните тужби како во САД против банките, вклучувајќи ги и Goldman Sachs, HSBC и Barclays, во кои големите инвеститори добија компензација во износ од 2,3 милијарди долари.

Европската унија во мај оваа година казнила пет банки со вкупно 1,07 милијарди евра (1,19 милијарди долари) за местење на девизни курсеви преку брокерски картели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП