22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондонската берза го превзема Refinitiv за 27 милијарди долари

Лондонската берза го превзема Refinitiv за 27 милијарди долари

Лондонската берза е во разговори за преземање на финансискиот аналитичар на податоци Refinitiv Holdings Ltd за 27 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот.

Договорот ќе дојде џа помалку од една година откако компанијата Blackstone Group Inc купила мнозински удел во Refinitiv од Thomson Reuters Corp, проценувајќи ја тогашната компанија на 20 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот.

LSE објави дека ќе го плати договорот со новоиздадените акции на LSE како валута, трансформирајќи ги постојните инвеститори во Refinitiv во акционери на LSE кои би имале во сопственост околу 37 проценти од комбинираната компанија и ќе имаат помалку од 30 проценти од гласачките права.

Thomson Reuters, професионална информатичка компанија која матична компанија е Reuters News, моментално има 45 проценти удел во Refinitiv. Ги потврди преговорите во соопштението и објави дека ќе поседува 15 проценти од акциите во LSE ако работата се заврши.

Ако се реализира оваа работа, Blackstone отприлика ќе ја зголеми двојно вредноста на оригиналната инвестиција во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП