3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА,,Глуп'' француски потег за американските IT гиганти и ,,паметна'' контрамерка

,,Глуп” француски потег за американските IT гиганти и ,,паметна” контрамерка

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени воведувањето на францускиот данок на американските технолошки гиганти, т.н. “Гаф”, како “глупост” на францускиот претседател Емануел Макрон и се закани дека ќе ги оданочува француските вина.

“Франција само што воведе данок на нашите големи американски технолошки фирми. Ако некој треба да ги оданочува тоа треба да биде нивната земја  со потекло од Соединетите Држави”, напиша американскиот претседател на Твитер.

“Ние наскоро ќе објавиме значителна реципрочна мерка по глупостите на Макрон. Отсекогаш говорев дека американското вино е подобро од француското вино”, додаде тој.

Главниот економски советник Лери Кадлоу, претходно оцени дека овој данок е многу голема грешка. “Ние не сме среќни што Франција продолжи со ваков вид на даноци на интернет фирмите”, изјави Кадлу.

Данокот Гаф, чие име претставува акроним за технолошкиот гигант Google, Amazon, Facebook и Apple не е заснована на профит туку на прометот на компанијата, и се очекува хармонизација на ниво на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП