19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина подготвува конкуренција за Libra-та на Facebook?

Кина подготвува конкуренција за Libra-та на Facebook?

Генералниот директор на Huawei смета дека Кина може да се натпреварува со Facebook во емитувањето на сопствена дигитална валута. Како што Sina пренела цитат од прес конференцијата во Италија на 18 јули, Рен Женгфеи верува дека Кина лесно може да создаде дигитална валута со иста вредност како и Libra-та на Facebook.

“Кина, исто така, може да издаде таква валута сама. Зошто да чекаат друг да ja емитува? Моќта на државата е секогаш посилна од силата на компанијата”, изјави Женгфеи на прашање на италијанскиот економски новинар Фабио Савели.

Коментарите ја следат загриженоста на кинеската централна банка, Народна банка на Кина, дека Libra во некои аспекти може да претставува закана за економијата на државата.

Како што објавија од Cointelegraph, гувернерот на Народната банка на Кина, Ванг Ксин, изјави дека ако Libra биде врзана за американскиот долар, Кина ќе биде во неповолна положба.

“Ако е така, тоа ќе доведе до бројни економски, финансиски и дури и меѓународни политички последици”, тврди Ксин.

Пекинг, наводно, е во процес на развивање сопствена дигитална валута, додека точните детали за нејзините случаи на употреба остануваат непознати.

Во меѓувреме, САД сé уште се соочуваат со понудата на Facebook по вкрстеното испитување на лидерите во Конгресот минатата недела.

Крипто заедницата ги критикува пратениците за обидот да се угуши новиот производ пред да се појави.

“Ние ги поставивме правилата пред иновациите – Facebook само ја најави Libra, не ја ни создадоа, а пратениците ги притиснаа”, изјави во понеделникот за CNBC инвеститорот Тим Дрејпер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП