3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМетероит падна во Индија

Метероит падна во Индија

Метероит со големина на фудбалска топка падна во поле во село во источниот дел на Индија. Каменот тежи 13 килограми, а утврдено е дека има магнетни својства.

Фотографијата од селани кои стојат околу огромен кратер во кал за кој се верува дека бил предизвикан од метеоритот го обиколи светот.

Каменот сега се наоѓа во музејот „Бихар“, но ќе биде пренесен во Научниот центар Срикришна во Бихар, за понатамошна анализа која треба да потврди дали каменот е метеорит.

Метеоритите се вселенски карпи, делови од комети или астероиди кои орбитираат околу Сонцето. Кога влегуваат во Земјината атмосфера согоруваат.

Во средата огнена топка, со големина слична на Месечината, го осветли небото во Онтарио и Квебек. Експертите велат дека можно е делови од огнената топка да паднале на Земјата.

Во 2013 година експлозија на метеор го потресе рускиот регион Урал. Од силината на експлозијата се скршија прозорци и се урнаа ѕидови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП