28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈП Водовод и Канализација - Скопје со 256 вработени ја подржува и...

ЈП Водовод и Канализација – Скопје со 256 вработени ја подржува и учествува во акцијата за чистење на град Скопје

Започна масовната акцијата за чистење и собирање на кабаст отпад организирана од Град Скопје на која ќе се приклучат сите јавни претпријатија и општини на територијата на градот Скопје.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје активно ја подржуваат оваа акција со 256 вработени кои на 26 и 27 јули ќе го собираат отпадот на скопските улици. Покрај вработените од страна на претпријатието ќе бидат ангажирани и 12 средни товарни возила, 15 мали товарни возила, 4 скипа и 2 камиони распределени во двата дена.

“Апелираме до сите граѓани да се приклучат во оваа акција и со тоа да учествуваат во создавање на здрава и чиста животна средина!”, велат од ЈП Водовод и Канализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП