7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМаслото од сусам помага во ублажување на болката?

Маслото од сусам помага во ублажување на болката?

Маслото од сусам е богато со антиоксиданти сезамол и сезамин, кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали, додека истовремено ги ублажуваат воспалителните процеси.

Во Тајван, на пример, масло од сусам традиционално се користи за ублажување на болката во зглобовите (со триење на болни места). Една студија спроведена во Иран, исто така покажала дека нанесувањето на масло од сусам на местото на тапи трауми (повреди) на рацете и нозете го намалува интензитетот на болката и потребата за земање аналгетици.

Маслото од сусам, исто така, изобилува со повеќе незаситени масни киселини за кои истражувањата покажале дека поволно влијае на кардиоваскуларното здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП