17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон: Со напуштањето на ЕУ, Велика Британија ќе стане најдоброто место во...

Џонсон: Со напуштањето на ЕУ, Велика Британија ќе стане најдоброто место во светот

Новиот премиер потврди дека ќе ја изнесе Британија од ЕУ со или без договор, наведувајќи дека условите на договорот не се прифатливи за британскиот парламент и за земјата.

Со заминувањето од Европската унија на 31 октомври, Велика Британија ќе стане најдобро место во светот, изјави денеска Борис Џонсон, обраќајќи се на британскиот парламент за прв пат во улога на премиер.

“Нашата мисија е да го имплементираме Брегзит на 31 октомври, со цел обединување и враќање на нашата сјајна Велика Британија и да ја направиме земјата најдобро место во светот”, истакна Џонсон.

Џонсон нагласи дека политиката за спречување на повторно воспоставување на цврстата граница со Ирска мора да биде отфрлена со цел Брегзит да се имплементира.

“Постојат докази дека се можни и други решенија за прашањето со границата со Ирска”, додаде Џонсон.

Меѓутоа, тој изјави дека ќе преферира Британија да ја напушти ЕУ со договор а не без него, додавајќи дека е подготвен да се состане со официјални претставници од Брисел каде и кога сакаат, објави Reuters.

“Се надевам дека ќе го преиспитаат нивното одбивање и повторно да размислат за договорот. Ако не, ние ќе излеземе од ЕУ без договор”, изјави Џонсон, посочувајќи дека Британија е подобро подготвена за Брегзит без договор отколку што многумина веруваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП