7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Гласот на Охридското Езеро“ храбра музичко технолошка авантура која никого не остава...

„Гласот на Охридското Езеро“ храбра музичко технолошка авантура која никого не остава рамнодушен!

Уникатен сојуз на музиката, природата и технологијата

Охрид и Охридското езеро биле инспирација за уметници во различни периоди на историјата. Toa e најстаро езеро на светот, балкански бисер  со непроценлива убавина и со фасцинантни карактеристики.  Со фантастична микро клима која оневозможила да замрзне во леденото доба, езерото е дом на повеќе од 200 ендемски видови. Интересен факт е и дека е едно од само 38-те места во светот и осум во Европа кои се заштитени од УНЕСКО и како културно и како природно светско наследство.

Да се застане во одбрана на ваквата уникатна природна убавина, и да се искористи технологијата за добро, е храбар предизвик кој безрезервно го прифати нашиот еминентен композитор Џијан Емин. Прифати да биде дел од уникатен музички проект  „Гласот на езерото Кој сега не повикува со помош на мобилните телефони и разноразните технолошки алатки да ја почувствуваме убавината на Охрид на сосема нов начин.

“Не верувам дека постои човек – музичар кај кого езерото не разбудило воздишки.  Секој миг и поглед вперен кон езерото е огромна инспирација.  Утрото со најубавиот мир, играта на водата со сончевите зраци преку целиот ден, неверојатните слики од зајдисонце, полна месечина над езерото, кајче на сред езеро….би можел да набројувам уште многу ситуации кои секој што бил во Охрид ги доживеал. Охридскот езеро е магично место кое е извор на енергија”, изјави Џијан Емин

www.glasotnaezeroto.mk.е проект кој нуди уникатна можност да ги слушнеме звуците на Охридското езеро, неговото шепотење, сила и нежност, неговата утринска песна, пладневниот шум и ноќното магично бранување… Да го слушнеме езерото во раните утрински часови кога се обидува да ни пренесе чувство на оптимизам и мир, во пладнињата кога нѐ почестува со сиот свој интензитет и бескрај, а во квечерините ни овозможува да го слушнеме грациозното претање на јагулите или блескавата крлушка на автентичната охридска пастрмка.

За музичкиот новинар и критичар Ненад Георгиевски, ова е инспиративен проект кој уште еднаш ја потврдува големата идеја на познатиот композитор Џон Кејџ дека сè околу нас е музика.  „Проектот ‘Гласот на езерото’ е одлична замисла што ги спојува модерните идеи дека всушност сè околу нас е музика, доколку имате уво за тоа. Тоа е големата идеја на познатиот композитор Џон Кејџ. Нашиот Џијан Емин, како еминентен композитор кој е многу добро упатен во овие идеи за амбиенталната музика и звуци, во случајот со Охридското Езеро направил одличен спој и креирал своја музика. Несомнено тој испраќа и голема порака за спојувањето на технологијата и нејзината добра страна кога станува збор за создавање музика. “,

Директорката на музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, смета дека ова е уште еден уникатен начин во сојуз со самата манифестација, која годинава се одржува под мотото „Звукот и боите на езерото“, да се упати силна порака и да ја потенцира важноста од  сочувување на македонскиот бисер.

„Звукот на Охридското езеро“ е одраз на креативен творечки дух, идеален спој на технологијата, музиката и природата, а воедно е и потврда дека здружени може да создадеме вистински вредности. Неповторлив и магичен проект, создаден во соработка со Македонски Телеком и со еден од пријателите на Охридско лето, композиторот Џијан Емин, со што на уникатен начин не потсетува на богатството кое што го имаме.

Проектот „Гласот на Охридското Езеро“  е музичка авантура која никого не остава рамнодушен, каде секој посебно и на свој начин може да го доживее неговиот волшебен глас. Како функционира? Toj e сложен компјутерски алгоритам кој „се храни” со активни податоци и варијабли директно врзани со Охридското Езеро (временски услови, период од денот, длабочина, жив свет, надворешни фактори и друго). Потоа, алгоритaмот сето тоа го „преведува“ во звучни мостри, креирани од Џијан Емин, со што на природниот спектакл за прв пат му е даден глас преку кој можеме да ги чуеме волшебните звуци на македонскиот природен бисер.

Oвие аудио-визуелни записи ќе останат како трајно сведоштво за еден хуман и општествено одговорен обид на една компанија  од која се изродила величествена и сосема оригинална музичка композиција во трајно наследство за идните генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП