13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс повеќе не е втор најбогат човек во светот

Бил Гејтс повеќе не е втор најбогат човек во светот

Сите знаеме дека најбогатиот човек во светот е извршниот директор на компанијата Amazon, Џеф Безос…

Тој успеа да го надмине Бил Гејтс и да го симне од тронот, со богатство кое е проценето на 125 милијарди долари пред некое време. Меѓутоа, покрај познатиот основач на Microsoft се повлече уште едно лице и го спушти за една скала пониско – во прашање е францускиот милијардер Бернар Арно.

Извршниот директор на LVMH, има проценета вредност од околу 108 милијарди долари, откако во текот на изминатата година додаде 39 милијарди долари на своето богатство. Тој сега се наоѓа на втората позиција на листата на најбогатите, а таа позиција беше окупирана од Бил Гејтс долго време. Според ажурираната листа, Бил Гејтс сега е трет, со богатство од околу 107 милијарди долари. Сепак, како што сугерира извештајот, Гејтс најверојатно би бил на првото место на листата, да не се неговите дарежливи донации за хуманитарни организации.

Со текот на годините, Арно ја изгради LVMH и ја претвори во моќна куќа на луксузот, која ги контролира брендовите како што се Louis Vuitton, Christian Dior и Givenchy, заедно со многу други. Амбициозниот седумдесетгодишен беше во вестите неодамна, бидејќи вети дека ќе донира 224 милиони долари за реконструкција на парискиот Нотр Дам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП