2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM и Honda заедно ќе развиваат возила на водород

GM и Honda заедно ќе развиваат возила на водород

vodorod

Компаниите „General Motors“ (GM) и „Honda“ ќе ги здружат силите на полето на производство на возила кои како гориво користат водород, а кои на купувачите ќе им бидат достапни до 2020-та година.

Партнерството има за цел да ги реши двата најголеми проблеми со кои е соочена комерцијалната изводливост на овој вид на возила, а тоа се пред се големите трошоци за производство на водород и недостатокот од пумпи за снабдување на возилата со водород.

„ „Honda“ и „GM“ сакаат да го забрзаат влезот на пазарот на најновите технологии“, изјави директорот на „Hondа“, Таканобу Ито за време на потпишувањето на договорот.

vodorod1

Инженерите на двете компании заедно ќе работат на развивање на следната генерација на технологии на горливи ќелии, делејќи ги своите претходни и идни знаења во заедничките истражувачки центри во Мичиген и Јапонија.

Една од клучните цели на овие компании е намалувањето на трошоците за развојот по пат на соработка со добавувачите кои би ги произведувале стандардните и помалку скапи компоненти.

„Honda“ и „GM“ исто така ќе соработуваат со своите влади и со компаниите кои се сопственици на пумпи за гориво, се со цел да се развијат неопходните инфраструктури за овој вид на возила.

vodorod2

Двете компании веќе подолго време работат на развој на возила кои ќе се движат на водород, како што се концептите „HydroGen“ на „GM“  или „Honda FCX Clarity“.

Автомобилите кои за погон користат водорот не емитуваат никакви штетни гасови, а единствен продукт од согорувањата е водената пареа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП