27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките воведоа построги услови за добивање кредити во еврозоната

Банките воведоа построги услови за добивање кредити во еврозоната

Банките во еврозоната ги зајакнаа условите за заеми за компаниите и граѓаните, според резултатите на кварталната анкета на Европската централна банка (ECB).

Заемодавците во периодот од април до јуни 2019 година, ги зајакнале условите за доделување на кредити на компании, како и оние во потрошувачкото кредитирање, покажаа резултатите од кварталното истражување спроведено во 144 банки во еврозоната.

Меѓу првите пет економии на еврозоната, во Германија, Франција и Италија, во вториот квартал од оваа година се построги критериумите за кредитирање на компаниите, додека во Шпанија останаа непроменети, а во Холандија опуштени.

Во меѓувреме условите за хипотекарни заеми во еврозоната во просек останаа непроменети во споредба со првиот квартал.

“Перцепциите за повисок ризик, проследени со повисоки трошоци за извор на средства и билансните ограничувања, придонеле за затегнување на кредитните услови во различни категории на кредити”, изјавија од ECB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП