22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност, температури до 34 степени

Сончево со мала до умерена облачност, температури до 34 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и на повисоко ќе засилува. Во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 13 и 21, а дневната ќе достигне од 26 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП