27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската полиција влезе во печатница и пронајде 271 милиони лажни американски долари...

Турската полиција влезе во печатница и пронајде 271 милиони лажни американски долари (видео)

Турските власти запленија околу 271 милиони лажни американски долари во апоени од 100 долари во една печатница во Истанбул.

Ова е најголема заплена на лажни банкноти во Турција во последниве години, објави Hurriyet.

За време на полициската операција што се случи во петокот, пет лица беа уапсени, објави вчера Reuters.

Турските власти бараат уште двајца осомничени за фалсификување пари и испитуваат дали парите се поврзани со мрежата на Фетулах Гулен, кого Анкара го обвини за обид за државен удар во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП