28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектричните тротинети се практични, но кој мисли на безбедноста?

Електричните тротинети се практични, но кој мисли на безбедноста?

Електричните тротинети од пролетта станаа многу популарни на улиците, но никој сериозно не се занимава со прашањето за безбедноста.

Електричните тротинети делуваат како совршена опција за секој кој секојдневно “ги кине живците седејќи во автомобилот или во јавниот превоз”.

Се движат побрзо од пешаците и се полесни од автомобилите, тешки се околу 12 килограми, а носат околу 100, и можат да поминат и до 30 километри.

Меѓутоа, безбедноста е другата страна на медалот. Сообраќајни прописи не постојат, и не се знае дали возачите се должни да носат кациги, и дали треба да се возат на коловоз, велосипедска патека или тротоар.

Најголемите дебати за тоа се одвиваат на социјалните мрежи и на улиците…

Меѓутоа, тоа што нема конкретни правила не ги спречува луѓето да купуваат електрични тротинети, а трговците “сериозно тргнале во бизнисот”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП