2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја одредите цената на производот?

Како да ја одредите цената на производот?

calkulator1

Без оглед за кој вид на производ или услуга се работи, ако е на продажба, мора да има своја цена.

Од една страна, цената на производот не смее да биде прениска за да не ги „избрка“ купувачите, кои би можеле да помислат дека станува збор за производ со лош квалитет. Од друга страна, цената не смее да биде превисока, бидејќи купувачите може да помислат дека нив ги гледате само како пари.

Ако се работи за производ од сопствено производство, треба да се внимава производството да биде исплатливо, односно трошоците за производство да се пониски од продажната цена. Искуството покажало дека многу производи во почетокот не остваруваат некоја значајна заработка за нивните произведувачи, а во сето тоа треба да го вклучите и добриот маркетинг. За да дојдете до најприфатливите цени за вашите производи, порталот „Partner up“ ви дава упатство на кое треба да обрнете внимание.

Платежна способност на целните купувачи

Постојат неколку целни групи на кои треба да се внимава. Не затоа што не сакаат да платат одредена цена, туку затоа што немаат толкава куповна моќ. Најдобар пример се студентите. Иако имаат можност да се запознаат со новите производи, многу е мала веројатноста дека ќе имаат пари, меѓу два производа со иста намена, да се решат за поскапиот.

Пазарот и конкурентите 

За да бидете сигурни во цената на својот производ, проверете колку пари, купувачите, се спремни да платат за производ кој ќе ви биде директна конкуренција. Споредете ги тие сознанија со трошоците за производство и размислете за предностите на вашиот производ. Понекогаш, квалитетот е најдобар начин да се истакнете. Во тој случај имате можност и да ја зголемите цената, но само доколку е оправдана и има свој купувач.

Вредност и искреност    

Иако е најтешко да се биде искрен кон себе, нема што да изгубите. Луѓето често се врзуваат за својот производ бидејќи има сентиментална вредност, но тоа знае да направи проблем при одредување на цената. Размислете кои се предностите, а кои маните на вашиот производ, и кои веќе постоечки производ е сличен или има иста намена како вашиот. Можеби е тешко да се признае, но ако некој друг има поквалитетен производ, подобар маркетинг и постојани купувачи, повисока цена нема да ви се исплати.

Профитабилност и цена   

Ако сте се нашле во негативен бизнис тренд, не го надокнадувајте тоа со зголемување на цените. Криза е насекаде и не сте единствени кои ја чувствуваат. Куповната моќ падна насекаде во светот, а зголемувањето на цените нема да ви помогне. Наместо тоа, намалете ги трошоците кои не се неопходни во тој момент. Така, купувачите ќе ве сметаат за одговорна фирма и ќе ви останат верни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП