2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕксперти од Etihad го анализираат работењето на JAT

Експерти од Etihad го анализираат работењето на JAT

jat1

Генералниот директор на „JAT“ Велибор Вукашиновиќ денес изјави дека експертите од „Etihad“ интензивно го анализираат работењето на неговата компанија.

„Експертите од „Etihad“ ги интензивираа активности во „JAT“, по потпишувањето на Меморандумот за разбирање. Еден тим од авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати е постојано во „JAT“, изјави тој.

Вукашиновиќ изјави дека „JAT“ за одржување на сообраќајот користи 11 авиони, истакнувајќи дека полека се приближува кон бројката од 14 авиони која е оптимална за работа преку летото.

Владата на Србија и „Etihad“ на 17 јуни оваа година потпишаа Меморандум за рабирање, со цел да ги унапредат разговорите за можното инвестирање на „Etihad“ во „JAT“.

„Etihad“ и „JAT“ на 15 април потпишаа договор за соработка преку заеднички летови и продажба на билети, а „Etihad“ на основа на тој документ на 15 јуни воведе секојдневен лет на линијата помеѓу Белград и Абу Даби.

Според оценката на Вукашиновиќ, Белград ќе стане регионален центар благодарение на партнерството на „Etihad“ и „JAT“, пренесува агенцијата Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП