29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина воведува данок на производи од ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија

Кина воведува данок на производи од ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија

Кина воведува такси за група производи од Европската унија, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија, објави Министерството за трговија на таа земја.

Таквата одлука е донесена по едногодишната кинеска истрага околу дампингот.

Министерството за трговија објави дека антидампинг даноците на нерѓосувачки челик се помеѓу 18,1 проценти и 103,1 проценти.

Да потсетиме, ЕУ претходно наметна анти-дампинг царински давачки на челик од Кина, со цел да го заштити сопствениот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП