20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Продолжуваат поволните поместувањата во економијата

НБРМ: Продолжуваат поволните поместувањата во економијата

Поволните поместувања во економијата се забележани во периодот април – мај годинава, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и продолжување на растот на индустријата, покажува најновата информација на Народната банка.

-Тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април-мај 2019 година главно упатуваат на продолжување на поволните поместувања во економијата, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и продолжување на растот на индустријата. Ова, дополнето со стапка на раст на економската активност во првиот квартал 2019 година од 4,1 отсто, блиска до проектираната, соодветствува со очекувањата за солиден економски раст во 2019 година, стои во информацијата.

Просечната годишна инфлација, како што e наведено, во првата половина од годината изнесува 1,2 отсто, со што останува во зоната на умерени промени.

Според Народната банка, девизните резерви и натаму се во сигурна зона. – Податоците за второто тримесечје на оваа година укажуваат на раст на резервите во однос на крајот на првиот квартал, што главно се должи на интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка со откуп на девизи, наведуваат од Народната банка.

На годишна основа, во мај, вкупните депозити се повисоки за 10,7 отсто, а вкупните кредити за 8,3 отсто.

Во информацијата стои дека најновите податоци упатуваат на забавување на стапката на раст на глобалната економија во првата половина од оваа година, при што дел од меѓународните организации извршија надолни ревизии на проекциите за глобалниот економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП