26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги воодушеви инвеститорите: NASDAQ доби конкуренција, акциите се зголемија за 500...

Кина ги воодушеви инвеститорите: NASDAQ доби конкуренција, акциите се зголемија за 500 %

Инвеститорите со радост ја дочекаа новоста на берзанската сцена во Кина и појавувањето на индексот на домашните технолошки компании на Шангајската берза, како што е NASDAQ во САД, и започнаа акции со раст од дури 500 проценти.

Започнувањето на таканаречената Star листа на домашни технолошки фирми се смета за одговор на Кина на американскиот NASDAQ и обид да го заобиколи американскиот пазар во трговската војна со Вашингтон.

Во иницијалното тргување учестувале 25 компании, вклучувајќи го производителот на чипови Anji Microelectronics Technology, кој забележа раст од 520 проценти.

Повеќето кинески берзи го ограничуваат износот за кој цените на акциите може да се зголемат во првите петт дена од тргувањето за 44 проценти, но на пазарот кои тие го нарекуваат Star Market не постои такво ограничување. Правилата се исто така опуштени за тргување по почетниот петтдневен период, каде што е дозволено акциите да се зголемат или да се намалат за дури 20 проценти споредено со лимитот од 10 проценти на другите листи.

Шангајската берза порано овој месец потврди дека добила 141 барања од компании кои сакале да се појават на листата Star, што е кратенка за Sci-Tech Innovation Board.

Инаку, кинескиот Shanghai Comp падна за 1,3 проценти, додека Hong Kong индексот Hang Seng падна за 1,15 проценти по протестите против владата во текот на викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП