26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостиг во касата: Дуплиран буџетскиот дефицит на Британија

Недостиг во касата: Дуплиран буџетскиот дефицит на Британија

Буџетскиот дефицит на Британија драстично се зголеми во првите три месеци од даночната 2019/2020 година.

Недостатокот во касата е поради повисоките трошоци за сервисирање на долгот и зголемените трошоци за услуги.

Нето долгот на јавниот сектор во јуни изнесувал 7,2 милијарди фунти, објави британската Канцеларија за статистика (ONS), што е значително повеќе во однос на задолжувањето од 3,3 милијарди фунти од јуни 2018 година и над проекциите на економистите кои учествувале во анкетата на Reuters.

За три месеци заклучно со јуни, задолжувањето се зголемило за 33 проценти во однос на истиот период во 2018 година, и изнесувало 17,9 милијарди фунти.

Британската канцеларија за буџетска одговорност прогнозирала во март дека задолжувањето на јавниот сектор ќе се зголеми на 1,3 проценти од бруто домашниот производ или 29,3 милијарди фунти во 2019/2020 година во однос со 16-годишниот минимум од 1,1 проценти од БДП во 2018/2019 година.

Истата канцеларија вчера предвидуваше дека задолжувањето ќе се зголеми за 30 милијарди фунти годишно во 2020/21 година, ако Британија на 31 октомври ја напушти ЕУ без договор за транзициониот период, што ќе предизвика рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП