2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно производство на нафта во Русија

Рекордно производство на нафта во Русија

nafta2

Производствената активност на конзорциумот ТХК-БП во јуни доведе до раст на производството на нафта во Русија, со што е постигнат нов рекорд од 10,53 милиони барели дневно.

Тоа е за 0,5 проценти повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на руското Министерство за енергетика.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, претходниот рекорд во производството на нафта од 11,41 милиони барели дневно беше забележан во 1988 година, кога Русија сеуште беше дел од поранешниот Советски Сојуз, каде во вкупното производство допринесе со 90 проценти, пренесува Ројтерс.

Во последните денови на Советскиот Сојуз, 1991 година, производството на руската нафта се намали за 9,5 проценти на годишно ниво, на 10,4 милиони барели дневно, што е за 17,7 проценти помалку во споредба со рекордот од 1988 година.

Како резултат од светската економска криза, производството на нафта во Русија во 2008 се намали за околу еден процент во однос на 2007 година, на 9,8 милиони барели дневно, за во 2009 година да се зголеми за 1,5 проценти на 9,92 милиони барели дневно.

Русија во 2010 година ја превзема позицијата на најголем светски производител на нафта од Саудиска Арабија, која, го намалува обемот на производство кога ќе процени дека тоа е потребно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП