18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриен најголемиот таен глобален заемодавец, поголем од ММФ и Светска банка

Откриен најголемиот таен глобален заемодавец, поголем од ММФ и Светска банка

Истражувањата покажале дека кинеските државни банки издале околу една четвртина од вкупните кредити на новите пазари.

Ова довело до тоа Кина да стигне на водечката глобална позиција како официјален доверител, оставајќи ги зад себе ММФ и Светска банка.

Во неодамнешна студија, тим од истражувачи откриле дека Кина станала најголем таен доверител во светот.

Експертите ја спровеле првата сеопфатна студија за кредитирање на азискиот гигант и другите финансиски текови.

Во извештајот насловен како ,,Кинеско кредитирање во странство”, чии автори се Себастијан Хорн (Универзитетот во Минхен, Институт во Кил), Кармен Рајнхарт (Универзитетот Харвард) и Кристоф Требек (Институт во Кил), кои истражувале голем број јавни и не толку јавни извори за собирање на податоци кои опфаќаат повеќе од шест децении, вклучило илјадници кредити и грантови за 152 земји.

Членот на тимот Кристоф Требек, изјавил дека Кина отсекогаш била активен меѓународен кредитор, давајќи големи суми на државите.

,,Зголемувањето на вкупниот одлив на кредити во изминатите две децении беше речиси без преседан, споредено само со бранови на американското официјално позајмување по Првата и Втората светска војна”, изјавил Требек.

Во периодот помеѓу 2000 и 2017 година, обврските на странските должници спрема Кина се зголемени за помалку од 500 милијарди долари на повеќе од пет илјади милијарди долари – или околу еден процент од глобалното економско производство на повеќе од шест проценти.

Најголемиот дел од побарувањата за долгови на меѓународните пазари на обврзници стекнала кинеската државна банка.

Покрај тоа, кинеската влада одобрила и голем број директни кредити, особено на земјите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП