26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспертите шокирани: Овој град целосно го укина јавниот транспорт и го замени...

Експертите шокирани: Овој град целосно го укина јавниот транспорт и го замени со нова услуга

Инсфил, град во канадската покраина Онтарио, неговиот јавен транспорт целосно го замени со Uber.

Необичниот експеримент пред две години започнал сосема случајно во самиот центар на градот, кога сите граѓани почнале да ја користат новата услуга на брзорастечката компанија. Кратко потоа, услугата се проширила и низ целата околина во градот.

Тогаш градските власти дошле до заклучок дека е многу поекономично да го заменат јавниот превоз со сè попопуларната услуга.

Со цел да им овозможи на неговите жители што поедноставно и поевтино да користат Uber, градот одлучил да го субвенционира возењето кое секој жител во просек го чини само еден долар или два.

И додека во почетокот се изгледало идилично, со годините Инсфил доживеал голем пораст на бројот на возачи кои денес изнесува дури 2.203, што е за град од 36.566 жители прилично голем број.

Покрај тоа, поради зголемувањето на цената на самата услуга, бројот на возила, но и горивата, исто така, пораснала и висината на субвенциите.

Според Guardian само оваа година градот би требало да издвои 1,2 милиони долари што е значително повеќе од предвидениот износ од градскиот буџет за сообраќај кој изнесува 900.000 долари.

Но и покрај ветувањето на градските власти да најдат решение за сите проблеми се чини дека не сите од нив го споделуваат мислењето за револуционерното решение за проблемот со јавниот транспорт.

“Ако како одговорна личност во градот веруваат дека најдобро решение за јавен превоз е субвенционирање на услугите кои ги нудат Lyft и Uber, тогаш со вас навистина нешто не е во ред. Тоа е најлошата можна одлука која сте можеле да ја донесете”, предупредува еден од експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП