Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Велика Британија ќе влезе во рецесија во случај да ја напушти Европската унија без договор, објави британската Канцеларија за буџетска одговорност.
“Велика Британија ќе влезе во рецесија во четвртиот квартал од 2019 година, кој ќе трае една година. БДП ќе падне за 2,1 проценти”, се наведува во извештајот на Канцеларијата кој е објавен денес.
Британската фунта ќе изгуби 10 проценти од вредноста веднаш по излегувањето, 31 октомври, ако биде излез без договор, соопшти Канцеларијата.
Како што се наведува, зголемената несигурност и намалената доверба ќе ги одвратат инвестициите, а повеќето трговски бариери со ЕУ ќе го оптоварат извозот.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври, но парламентот го отфрли договорот за прекин со европскиот блок. Борис Џонсон и Џереми Хант, двајцата кандидати за нов премиер на местото на Тереза Мај, изјавија дека ќе ја напуштат ЕУ и без договор, ако европскиот блок не сака повторно да преговара за тој документ.
Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа Меморандум за продолжување на соработката Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, заедно со Министерството за…
Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари, што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници во јануари…
Трошоците за храна на домаќинствата во земјите на Европската Унија учествуваат со просечно 12,1 проценти од нивните вкупни расходи, според податоците на Eurostat. Резултатите од…
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).…
Статистиката мери раст на платите и пад на трошоците, но дали тоа го чувствува и просечниот граѓанин? Пад на трошоците за живот за 0.1% Трошоците…
Во октомври годинава се издадени 308 одобренија за градење, за 11,6 проценти повеќе споредено со октомври лани, при што е предвидена изградба на 562 стана.…
Цените на свинско месо во Кина скокнаа за 110 проценти во ноември во однос на истиот месец во 2018 година. Ова ја турка инфлацијата во земјата…
Во средината на 2016 година, кога општата јавност слушна за биткоинот, бидејќи во тоа време, поради ненадејниот пораст на вредноста, многумина се обогатија, се случи…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добро напредуваат преговорите за трговскиот договор со САД, Мексико и Канада. Трамп тврди дека и синдикатите се задоволни. Според…
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува компаниите да ги почитуваат оврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и…
Пингбек: Британија влегува во рецесија во случај Брегзит без договор - ММС