23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новата Корола

Започна производството на новата Корола

korola

Тојота свечено го одбележа почетокот на производството на европската верзија или 11-та генерација на моделот Корола во својата фабрика во Турција. Оваа фабрика е првата во светот која започна со производство на новата Корола.

„Новата Корола која сега е повеќе префинета и луксузна, претставува нов голбален симбол на нашата филозофија за правење на уште подобри автомобили. Премногу сум горд на европската верзија на новата Корола која ќе се произведува во Турција. Од тука ние ќе продолжиме да ја пишуваме историјата на Корола“, изјави претседателот на корпорацијата Тојота, Такеши Учијамада.

За производството на Корола во Турција беа вложени 150 милиони евра со што вкупната инестиција во „Toyota Motor Manufacturing Turkey“ (TMMT) достигна 1.4 милијарди евра. Планирано е до 2014-та година вкупното производствот во TMMT да изнесува 150.000 примероци, што претставува и полн капацитет на фабриката.

Во Турција досега се произведуваа три генерации на Корола, од 1994-та до 2006-та. Од 2007-та до 2013-та година TMMT го произведуваше моделот Аурис и поради тоа примвремено беше прекинато производството на седан верзијата на Корола.

Инаку покрај моделот Корола во Турција ќе се изработува и новата Тојота Версо, а само за проектот Корола ангажирани се околу 900 нови работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП