
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

