19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко не можете ништо да промените...

Ако не можете ништо да промените…

Навистина, што да направите кога не можете да промените нешто што не ви се допаѓа?

Дали ви е позната ситуацијата кога малку или повеќе добронамерни пријатели ви кажуваат дека треба да ги смените работите кои не ви се допаѓаат? Или такво нешто читате на некој од многуте сајтови за самопомош?

“Променете го тоа што не го сакате”, “Охрабрете се, првиот чекор е најтежок…”, “Признајте си дека имате проблем со (тоа и тоа)…”

И тоа е во ред. Особено ако оние кои ве советуваат ви мислат добро.

Меѓутоа, проблемот се појавува кога сакате да промените нешто и потоа сваќате дека тоа нешто не може да се промени?!

Маја Ангелоу (1928 – 2014), американска писателка и познат борец за човекови права можеби има совет за вакви ситуации:

“Ако нешто не ви се допаѓа, променете го. Ако не можете да го промените, тогаш сменете го вашиот став. Само немојте да се жалите”.

И навистина, секогаш е најлошо само да седите, да се жалите и да не преземете ништо…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП