27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

Вршител на должноста директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, изјавил дека најбогатите 0,1 проценти од населението акумулирале исто богатство како најсиромашните 50 проценти.

“Светот се соочува со серија на промени кои придонесуваат за пад на довербата и социјалната кохезија, особено во развиените земји”, изјавил Липтон и додал дека “прекумерната нееднаквост” претставува проблем на глобално и национално ниво.

Тој зборуваше за глобалните предизвици на конференцијата во Париз по повод 75 годишнината на конференцијата во Бретон Вудс, кога 44 земји ја дефиниранале основата врз која се темели меѓународниот монетарен систем по Втората светска војна, а основани се MMF и Меѓународната банка за обнова и развој.

Липтон изјавил дека глобализацијата и новите технологии имаат негативен ефект во однос на политичката поларизација, популизмот и гневот на населението.

Меѓу другото, изјавил дека развојот на Кина ,,од основа го менува глобалниот пејсаж”, а учеството на развиените земји во глобалното производство ќе се намали за повеќе од 50 проценти на една третина во наредните 25 години.

Липтон изјавил дека низ фискалната политика MMF може да помогне во намалување на нееднаквостите и повика на затворање на дупките во законот кои ќе им овозможи на корпорациите да избегнат данок.

Додал и дека е неопходно да се задушат нелегалните финансиски текови, перењето пари и корупцијата.

Тој нагласил дека е потребно да се избегне т.н. ,,трка до дното” – што е израз на политиката на дерегулација на работењето, намалување на данокот на добивка, давање олеснувања и субвенции, спроведени од владите во светот како би ја стимулирале економската активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП