14 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone ја започна првата 5G мрежа во Германија

Vodafone ја започна првата 5G мрежа во Германија

Телекомуникацискиот оператор Vodafone ја започна во вторникот првата комерцијална 5G мобилна мрежа во Германија. Мрежата има 25 предаватели во Дизелдорф, Келн, Дортмунд и некои други градови, објави германската новинска агенција DPA.

Корисниците на Vodafone ќе можат да ја користат мрежата денес, а користењето на оваа брза врска ќе ги чини дополнителни пет евра месечно. Vodafone во моментов нуди уреди на производители кои овозможуваат поврзување на 5G, Huawei и Samsung.

5G Vodafone мрежата сè уште е многу ограничена – компанијата во Германија обезбедува 4G врска со 25.000 базни станици. Во август бројот на станици за 5G би требало да се зголеми на 50.

“Оваа година имаме намера да развиваме и собираме одговори”, изјавил Герхард Мек од Vodafone, додавајќи дека планираат да ја забрзаат изградбата на мрежата во 2020 година и да изградат базни станици за 5G.

На крајот на следната година, секој осми Германец ќе живее на дофат на 5G станица, а една година подоцна, секој четврт. Додаваат дека ќе ги користат постоечките 4G станици, така да “нема да видиме многу повеќе антени отколку што се сега”, изјавил Мек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП