20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Зголемен трговскиот суфицит со САД, но и дефицитот со Кина

ЕУ: Зголемен трговскиот суфицит со САД, но и дефицитот со Кина

Трговскиот суфицит на Европската унија во трговијата со Сoединетите Држави се зголеми во првите пет месеци од 2019 година, но е зголемен и трговскиот дефицит со Кина, покажале денес објавените официјални податоци.

Суфицитот на ЕУ во трговијата со САД се зголемил на 62,1 милијарди евра во периодот јануари-мај 2019 година од 55,4 милијарди евра од истиот период пред една година, објави денеска европскиот завод за статистика Eurostat.

Во стоковната размена со Кина, дефицитот на ЕУ се зголеми на 76,7 милијарди евра од 69,2 милијарди евра.

Генерално, трговскиот дефицит на 28-члениот блок се зголеми на 14,2 милијарди евра во периодот јануари-мај 2019 година во споредба со 9,9 милијарди евра пред една година, според официјалната веб страна на Eurostat.

Увозот на енергетски производи, особено од Русија и Норвешка, е главната причина за дефицитот.

Кога станува збор за 19 члената еврозона, извозот на тој блок е зголемен за 7,1 процент во мај на годишно ниво, а увозот за 4,2 проценти, што довело до зголемување на трговскиот суфицит на 23 милијарди евра во мај од минататогодишните 16, 9 милијарди евра.

Според сезонските прилагодени податоци, трговскиот суфицит на еврозоната, исто така, во мај се зголеми за 20,2 милијарди евра во однос на 15,7 милијарди долари во април, бидејќи извозот порасна на месечна основа за 1,4 проценти, а увозот се намали за 1,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП