17 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei излегува од криза: Вложува три милијарди долари во Италија

Huawei излегува од криза: Вложува три милијарди долари во Италија

Извршниот директор на Huawei во Италија Томас Миао, изјави денеска дека кинескиот гигант планира да инвестира 3,1 милијарда долари во таа европска земја.

Тие инвестиции се планираат за следните три години, а ќе создадат 1.000 нови работни места.

Huawei беше под истрага на Западот поради сомневање за шпионажа поврзана со неговата технологија, па дури и Соединетите Држави го ставија на “црната листа”, а другите земји ја прекинаа соработката во 5G проектите со кинескиот гигант.

Минатиот петок, компанија со седиште во Шенжен изјави дека е подготвена со сите земји да потпише договор за ,,не шпионирање”, со цел да гарантира дека нејзината опрема нема да се користи за разузнавачки цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП