20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБургерите се силата на американскиот долар: Big Mac е поевтин во еврозоната,...

Бургерите се силата на американскиот долар: Big Mac е поевтин во еврозоната, отколку во САД

Некои политичари и учесници на пазарот веруваат дека американскиот долар е премногу силен во споредба со неговите ривали.

Сега постои уште еден индикатор: Бургерот.

Економскиот индекс Big Mac – лесен начин да се направи валутата по опиплива – покажало дека речиси сите валути во индексот се послаби во однос на доларот.

Индексот Big Mac го покажува во реалноста паритетот на куповната моќ, односно вредноста на стоката што може да се купи со валутата. Ако една валута може да купи некоја стока по пониска цена од друга валута, првата валута може да биде релативно потценета, додека другата валута може да биде преценета.

Силата на доларот не е новост, но во изминатите шест месеци таа станала уште посилна, покажува индикаторот, а објави CNN News.

Еврото, главниот ривал на доларот, падна во однос на доларот од почетокот на годината.

Big Mac во McDonald’s сега е 19 проценти поевтин во еврозоната отколку во Соединетите Држави, во споредба со 17 проценти пред половина година.

Руската рубља е најмногу потценета во однос на доларот, дури за 65 проценти. Имено, Big Mac во Русија чини 130 рубли, тоа е околу два долари, во споредба со 5,74 американски долари во САД.

На спротивната страна на спектарот, швајцарскиот франк е единствената валута која е преценета во однос на доларот. Big Mac чини 6,5 франци во Цирих, тоа е околу 6,6 долари, што го прави франкот 14 проценти посилен отколку што би требало, според теоријата за паритет на куповната моќ.

Политичарите забележале дека силата на американскиот долар во однос на неговите ривали е неповолна за конкурентноста на Соединетите Држави на глобалниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП