24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБил Гејтс откри што тоа Стив Џобс го има што тој го...

Бил Гејтс откри што тоа Стив Џобс го има што тој го нема ( а не е креативност)

Имаше големи разлики меѓу Стив Џобс и Бил Гејтс, што се однесува до самата работа, но и што се однесува на начинот на кој им се обраќале на нивните вработени и на луѓето воопшто. Но, од перспектива на Гејтс – што е тоа што Џобс го имал, а тој го нема?

Па, Гејтс верува дека Џобс е генијалец кога станува збор за ,,фрлање магии”. Bloomberg извести дека Гејтс, во интервју за CNN признал дека Џобс едноставно правел работи како да е “од друг свет”.

Гејтс: Бев како помал волшебник, бидејќи тој (мислејќи на Џобс) ќе ,,изговори магични зборови” и јас би видел како хипнотизира луѓе, но бидејќи јас сум помал волшебник, магиите не функционираат на мене.

Значи, Гејтс зборуваше за тоа дека Џобс создаде верување дека Apple е навистина посебен и дека самиот Стив Џобс е посебен.

Исто така, Гејтс изјави дека никогаш пред и после Џобс не видел некој со таква способност да пронајде талентиран човек и да го мотивира.

Но тоа е првенствено поради тоа што производите кои Apple ги создаде ги подигна луѓето на “емоционално ниво”, наместо да ги направи само продуктивни. Некои лидери имаат таков дух за да го следат другите.

Имаат способност да ги убедат луѓето дека тие навистина прават нешто различно од сите други, нешто што нема да биде лесно да се заборави. Некои велат дека Илон Маск ја има таа способност, а дека Марк Закерберг ја нема.

Можеби тоа не може да се научи. Можеби некои луѓе се едноставно родени со таа способност, а другите не се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП