25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД можеби ќе ја одобри соработката со Huawei веќе за две недели?

САД можеби ќе ја одобри соработката со Huawei веќе за две недели?

Соединетите Американски Држави можеби веќе за две недели ќе ги овластат компаниите од САД да ги продаваат нивните производи на кинескиот Huawei, објави Reuters повикувајќи се на висок американски официјален претставник кој сака да остане анонимен.

Најголемиот светски производител за телекомуникациска опрема Huawei, од мај оваа година е на црната листа на САД, што значи дека на американските компании им е забрането на таа фирма да продаваат стоки и услуги без претходна дозвола од владата.

Досега се сметаше дека овие дозволи ќе бидат автоматски одбиени, но ситуацијата почна да се менува по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателот на Кина Си Џинпинг, минатиот месец.

Трамп тогаш ја објави можноста американските компании да ги продаваат нивните производи на Huawei, а неодамна и државниот секретар Вилбур Рос изјави дека лиценците ќе бидат издадени во случаеви кога нема закана по националната безбедност.

Како што објави Reuters, до оваа промена довело успешното лобирање на индустријата за чипови и политичкиот притисок на Кина. Два американски производители на чипови потврдија за Reuters дека ќе аплицираат за лиценци за продажба на Huawei.

Huawei во 2018 година потрошил 70 милијарди долари за купување компоненти, од кои 11 милијарди на американските компании, како Intel, Qualcomm и Micron Technolgy.

Како што објави Bloomberg, овие фирми имаат многу да изгубат поради санкциите, како и Nvidia, AMD, Broadcom и Xilinx.

Основачот и генерален директор на технолошкиот гигант Huawei, Рен Женгфеј, изјави во јуни дека компанијата ќе заработи околу 30 милијарди американски долари помалку во следните две години поради санкциите на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП