24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете сами спреј за нега на кожата после сончање

Направете сами спреј за нега на кожата после сончање

Ако сакате да измешате разни домашни производи за нега на кожа, веруваме дека денешниот текст ќе биде корисен од повеќе причини. Имено, овој рецепт не само што ќе ја смири и нахрани кожата по сончање туку и ќе ја заштити кожата од каснување од комарци.

За спреј за нега после сончање ќе ви биде потребен сок од алое (100 мл), 2 лажици (30 грама) кокосово масло, масло од лаванда (5-10 капки), масло од нане (5-10 капки) и стаклено спреј-шише.

На пареа, во чинија разредете кокосово масло и помешајте го со сок од алое. Потоа отстранете ја чинијата од топлината и додадете масло од лаванда и нане. Кога течноста ќе се излади, истурете ја во шише со спреј. Пред секоја употреба добро протресете.

Алое вера смирува и хидрира, кокосовото масло храни, хидрира и спречува понатамошно сушење на кожата, а маслото од нане и лаванда ја смирува иритацијата и ја лади кожата, додека во исто време одбива комарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП