24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ќе започне да наплатува данок за јаглерод диоксид

Британија ќе започне да наплатува данок за јаглерод диоксид



Британскиот данок на емисии на јаглерод диоксид (CO2) од електраните и фабриките ќе започне да се применува на 4 ноември.

Но тоа ќе се случи само ако земјата на 31 октомври ја напушти Европската унија без договор, објави британската влада.

Данокот, кој е утврден на ниво од 16 фунти по тон за 2019 година, ќе ги замени таксите кои моментално важат во рамките на Европскиот трговски систем на емисии (ЕТС), што Велика Британија автоматски ќе го напушти во случај на сценарио Брегзит без договор.

Британија е втор по големина емитер на гас со ефект на стаклена градина во Европа, а нејзината индустрија е меѓу најголемите купувачи на лиценци во европскиот ЕТС, кој  љ електраните и фабриките им наплатува за секој тон CO2 кои го емитуваат.

Ако Велика Британија ја напушти ЕУ со договор, тогаш, како што е соопштено, ќе остане во ЕТС до крајот на тековната фаза на трговија со емисии до крајот на 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП